Претставниците на движењето за спречување на поскапувањата „Аман“ и денес продефилираа низ скопските улици, како и секоја сабота. впрочем.
Не ги поколебаа ни заканите, ниту, пак, бојкотот на етаблираните синдикални организации, кои веднаш по објавувањето на идејата за основање на ова движење, побрзаа да се оградат од него.
Додека на граѓаните им стигнуваат двојни или тројни сметки за ТВ претплата на иста адреса и додека „Топлификација“ започна да испраќа високи сметки и за оние грашани кои се исклучени од системот на парно греење, синдикатите се зафатени со спојувања, како она на Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободните синдикати и продажба и шпекулации со синдикалниот имот (ССМ го продава имотот во Прилеп).
Од друга страна, „Аман“ секоја сабота е меѓу народот. Синдикалните претставници не сакаа да се појават меѓу работниците дури ни на 1 Мај, кога тие, наместо да излезат на улица раме до раме со работниците, за кои велат дека ги претставуваат, на овој датум организираа семинар против мобингот, зашто во земјава во однос на работничките права сите проблеми се решени и остана да се реши уште овој.
„Аман“ ќе продолжи да се биде присутен меѓу Скопјани секоја сабота, се додека не се решат нивните барања за запирање на галопирачките поскапувања.
Фото: Плусинфо