Навреди и непристојни коментари ѝ упатија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на Зорица Димовска, претставник на 13.169 граѓани кои предложија врќање на евтината дневна струја и ослободување на граѓаните од плаќање надоместоци за услуги од енергетските компании кои не ги користат.
Кој те подучуваше? На која партија ѝ припаѓаш? Треба да си одиш кај СДСМ…, беа дел од коментарите упатени до Димовска, која образложувајќи ги аргументите за барањето на граѓаните побара уште некоја минута за да го доврши она што сакаше да го каже.
– Јас не сум партиски определена. Ние сме граѓанска иницијатива, немаме лидер, но имаме разумна свест и сили да се активираме за правата на граѓаните. – рече Димовска, одговарајќи на навредите.
Доколку сте решени да го отфрлите предлогот, на 13.169 граѓани, отфрлете го, рече Димовска, но барем почитувајте го мислењето на пратениците на ДУИ, ДПА и НДП кои ја поддржаа иницијативата.
– Предлогот сега го предавам во ваши раце, па вие одлучете. Ние си го кажавме нашето во текот на изминатите шест месеци и со собирањето на потписите – рече Димовска.
Повеќе +инфо